Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Нов пакет мерки помош за граѓаните и бизнисот – Премиерот Зоран Заев во 13 часот и 30 минути најави прес во Владата

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција денеска ќе го презентира петтиот пакет економски мерки за стимулирање на стопанството во услови на пандемија.

„Пакетот економски мерки е донесен во инклузивен процес со сите релевантни чинители во процесот, според истиот принцип како и изминатите четири пакети“, информираат од владината прес-служба.

На презентацијата која е најавена за 13 часот и 30 минути присутни ќе бидат и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

C +

Познато е кога ќе бидат исплатени покачените пензии на пензионерите

ДЕСК

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

ДЕСК