Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Котел за греење експлодирал во подрум во Пинтија

Во попладневните часови на 14 февруари противпожарна екипа од Скопје во полиција пријавила инцидент што се случил на улицата Саса во скопската населба Пинтија.

Според пријавеното, во подрумските простории на куќата во сопственост на Љ.А. (56) настанала експлозија на котел за греење на дрва.

Екипа на бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. На местото на настанот полицијата извршила увид.

Можеби ќе ве интересира

УХМР СО НОВИ МЕРЕЊА – Охрид со најмногу дожд меѓу наведените градови

ДЕСК

СКОПЈЕ ВО ФОКУСОТ НА ЕВРОПСКАТА ДЕБАТА – Дводневна меѓународна конференција

ДЕСК

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕ СТИВНУВА – Повеќе полициски интервенции низ Македонија

ДЕСК