Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 105 возачи во Скопје, 13 возеле без возачка дозвола

На територијата на главниот град вчера биле изречени 105 казни поради сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

Според Министерството за внатрешни работи, 13 возачи добиле казни поради возење без возачка дозвола, а 6 за управување под дејство на алкохол. За 11 била изречена казна за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 биле казнети за поминување на црвено светло, 7 мерки биле изречени за користење мобилен телефон, 4 за некористење сигурносен појас и 8 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

ДЕСК

Бизнис форум во Стокхолм: Потврден силниот потенцијал за унапредување на македонско-шведската економска соработка

ДЕСК

Филипче: Мицкоски да не го користи нон-пејперот на Мерц како алиби за неисплнување на реформите

ДЕСК