Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев се огласи за најавите дека Боки 13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска се огласи за пишувањата на дел од медиумите дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13 може да се кандидира за претседател на СДСМ.

Вели дека постојат повеќе пречки зошто Боки 13 не може да стане претседател на неговата партија.

-Прво треба да се направи реевиденција да биде член, после тоа да има најмалку пет години членство во партијата на СДСМ и може да се собере членство на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе застане позади Бојан Јовановски, автоматски да направат пресврт во влста која што ја најавува. Секако сето тоа една сатира, денеска е петок, крајот од работниот дел од неделата доаѓа викенд, Бојан Јовановски е таков каков што е, го знаеме сите во државата, жалам што наседнале луѓе на неговиот карактер, но истовремено, преку постапки и процеси се утврди дека правосудниот систем во државата функционира, дека и политичарите може да пријават ваков случај и секој да си поднесе одговорнот кој што е вовлечен во криминални дејства, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Намалувањето на ДДВ за горивата не дава ефект – цените растат

ДЕСК

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

ДЕСК

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

ДЕСК