Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За возење без дозвола, за еден ден казнети 28 лица во населбата Ченто

Полицијата во текот на вчерашниот ден (10 февруари) спровела засилени сообраќајни контроли на територијата на скопската населба Ченто.

Како што информираат од МВР, притоа изречени биле вкупно 103 мерки, од кои 28 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за непочитување на брзината на движење, 5 за нерегистрирани возила, 5 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 за користење мобилен телефон.

Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК