22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Мал број луѓе, за да се спасат од кривичен прогон, се кријат зад иницијативата за вонреден конгрес

Таканаречената иницијатива на мал број луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев, кои се обидуваат да манипулираат практично со некои од делагатите што беа присутни и на конгресот во Куманово, а потоа и во Валандово, се со единствена цел да добијат милост од нивниот стопан Зоран Заев за да може да се спасат од определен политички и кривичен прогон што се случува, изјави Мицкоски при одговор на новинарско прашање во однос на иницијативата за вонреден конгрес.

Тој рече дека Централниот комитет на вчерашната седница закажал конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за крајот на ноември, тоа е редовен конгрес што се одржува на секои 4 години и на тој конгрес ќе се разговара за идните чекори што идното раководство на партијата што ќе биде избрано на тој конгрес ќе ги преземе.

Мицкоски ја искористи пригодата и да им се заблагодари на сите членови на партијата, поранешни функционери, активисти, кои ги препознаваат овие криминални обиди на дел од поранешното раководство на партијата и со гадење тие ги отфрлаат и продолжуваат заедно со раководството на партијата легитимно да се борат сè до остварување на крајната цел.

Крајната цел е ослободување на македонскиот народ, на македонските граѓани, на Македонија, од овој хибриден режим што го предводат Владата на Зоран Заев и СДСМ. Јас сум го одел мојот пат, мојот пат е да им служам на Македонија, на македонскиот народ и на организацијата, а тие од избрале нивниот пат да му слугуваат на Зоран Заев. Режимот ќе падне, а со него ќе падне и Зоран Заев, а потоа следува одговорност за сите оние криминалци што се обидуваат да ѝ наштетат на Македонија, рече Мицкоски.