Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за скопјанец кој во Сарај подметнал пожар во автомобил „голф 5“

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против едно лице поради сомневање дека сторил кривично дело тешки дела против општата сигурност.

На 10 февруари, во раните утрински часови, осомничениот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност.

Тој зел пластична туба и од бензинска пумпа во Ѓорче Петро што бил паркиран автомобил „голф 5“, сопственост на оштетениот.

Кога дошол до паркираното возило, истурил дел од бензинот врз возилото и пластичната туба ја ставил под возилото кај совозачката врата.

Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал.

На тој начин предизвикал пожар кој се распламтел и го зафатил целиот автомобил. Притоа возилото во целост изгорело и со тоа за оштетениот настапила голема имотна штета во вредност од 365.000 денари.

По предлог на јавен обвинител за осомничениот е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК