„Имаме десетина разрешувања на судии и очекувам тоа да се зајакне. Исто како што очекувам Советот на Јавни обвинители да ги преземе своите надлежности, тоа е желба за правда на граѓаните. Прочистувањето ќе трае, нема да се заврши преку ноќ, но сите предуслови за да имаме резултати се создадени. Можам да му честитам на Судскиот совет за резултатите, не можеме за Совет на Јавни обвинители тоа да го кажеме, допрва треба таму да видиме резултати. Јас сум пет месеци на позицијата министер, се прави еден обид за моја лична дискредитација, со лажни вести, интерпелација во парламент, напади врз моето семејство. Немаат што да најдат и пласираат лажни вести преку платформите кои беа против членството на Северна Македонија во НАТО. Но, нема да ме предомислат, напротив ќе ме охрабрат затоа што тоа е доказ дека сме на вистинскиот пат со реформите. Младите на ВМРО ДПМНЕ ми донесоа тепих пред кабинетот, но, како што и изјавив, тоа е тепихот под кој со години се ставаа предметите на нивната власт.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, на гостувањето во Анализа 24 на телевизија 24.