Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Недела неработен ден, освен за 34 дејности

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во синоќешното гостување во „Дневник“ на Сител рече дека 34 дејности ќе можат да работат и в недела според драфт-верзијата на Законот за работни односи кој се очекува Владата да го испрати во Собранието

“Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела“, рече Битиќи, коментирајќи го предлог-законот кој Владата го најави уште во својата изборна програма.

Она за што се уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната.

И Сојузот на синдикати на Македонија потврди дека ќе има зголемена дневница и слободен ден за работа во денот недела.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК