Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 33 возачи за брзо возење во Крива Паланка

Полицијата денеска казни 33 возачи за брзо возење во Крива Паланка.

Полициски службеници од СВР Куманово на територијата на Крива Паланка санкционираа 33 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени и пет возила поради други прекршоци.

МВР најави дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле две автомобили – еден тешко повреден, возачот на бмв побегнал

ДЕСК

Трагедија на патот кај село Клечовце – излета тико, едно лице почина, друго е повредено

ДЕСК

Се запали возило во движење – полицијата излезе со детали.

ДЕСК