Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ахмети со сочувство до семејството на Синадиновски: Делата што ги напишал ќе продолжат да ги едуцираат следните генерации

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот официјален Фејсбук профил објави дека почина Бранко Синадиновски, контроверзниот основач на неофицијализираната Верска заедница на православните Албанци од Македонија.

„Заминувањето на Бранко Синадиновски од овој свет остава празнина во напорите за духовна и национална катароза на православните Албанци во нашата земја, но тој остави и неизбришливи траги и дела во историјата на Албанците воопшто и на православните Албанци особено.

Делата што ги напишал ќе продолжат да ги едуцираат следните генерации. Во овие моменти на тага, изразувам искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите оние што го познаваа“, соопшти Ахмети.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

ДЕСК

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

C +