23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шамбевски: На студентите да им се рефундираат парите што ги платија лани за станарина во студентските домови

Во март 2020 година станарите од студентските домови од скромниот студентски буџет одвоија средства за плаќање станарина за сместување во студентските домови. Во истиот тој март 2020, поради пандемијата предизвикана од коронавирусот и одлуките што ги донесе Владата, студентите мораа да ги напуштат студентските домови како мерка за превенција. Притоа им беше ветено дека средствата што ги уплатиле ќе им бидат рефундирани, рече Борис Шамбевски, член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, во февруари 2021 година, 11 месеци подоцна, средствата сè уште не им се вратени. Неколкупати студентите бараа средствата да им бидат рефундирани, но иако им беше ветувано, тоа до денес не се случи.

Нам ни останува прашањето: ако менаџментот на студентските домови не успева да обезбеди топла вода и греење, ако енергенси за затоплување, откако ние региравме, обезбедуваат од донации, ако немаат пари да им ги рефундираат на студентите веќе уплатените средства, тогаш реално се поставува прашањето каде се средствата? Дали можеби се вложија за подобрување на условите во студентските домови? Студентите велат НЕ. Дали се изгради ветениот студентскиот град? Ние не можеме да го најдеме каде е. Можеби ќе треба Обвинителството да се распраша каде се средствата.
Е, за овие прашања, директоре, бараме и одговори и одговорност! А на студентите вратете им ги парите како знаете и умеете“, истакна Шамбевски.