Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Триесетдневен притвор за креаторот и за администраторот на „Јавна соба“

Основниот кривичен суд Скопје им одреди 30-дневен притвор на креаторот и на администраторот на „Јавна соба“, кои денеска беа приведени по истрагата што траеше повеќе од една година. Тие се сомничат за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Двајцата осомничени, на возраст од 32 и 21 година, денеска беа спроведени пред судија на претходна постапка.

„По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија, со кои на: Д. К. и М. П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на сите основи од член 165 ст. 1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело“, соопшти судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +