Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Сите граѓани и политички партии да дадат придонес за пописот

Сите граѓани и политички партии да дадат придонес за пописот, по 19 години државата да добие прецизни и целосни податоци, повика СДСМ.

Од таму велат дека Законот за попис на населението што го усвои парламентарното мнозинство предводено од СДСМ гарантира спроведување на оваа статистичка операција по сите меѓународни пракси и стандарди, од страна државниот завод за статистика, кој има капацитет и подготвеност да спроведе успешен попис, по 19 години.

„Успешно реализираниот попис ќе донесе прецизни, целосни податоци за демографската, социјалната, образовната, верска и национална структура на населението и ќе обезбеди релевантни податоци и насоки за тоа како треба да се движи економијата, образованието, социјалната политика, детската заштита… Со успешно реализиран попис точно ќе ги мапираме потребите на регионите и единиците на локалната самоуправа, кои ќе добијат релевантни и точни информации, на кои ќе го базираат локалниот и регионалниот развој“, велат од СДСМ.

За да се спроведе оваа обемна статистичка операција, додаваат од таму, потребно е секој поединец, секоја политичка партија, да даде придонес во реализација на оваа операција важна за развојот на државата.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК