Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 214 возачи во Скопје

Полицијата за еден казни 214 возачи во Скопје за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 214 казни, меѓу кои 18 за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 за користење на мобилен телефон.

Изречени се осум казни за минување на црвено светло, 22 за непочитување на брзина на движење, шест за некористење на сигурносен појас, седум за непрописно престројување на возила и 73 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со 161 амандман само за општините – за градинки, водоводи, локални патишта и домови за стари лица

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Денеска до 24 степени, вечерва локален дожд

ДЕСК

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК