25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Почина поранешниот министер и пратеник Илија Филиповски

Почина поранешниот пратеник Илија Филиповски, поранешен пратеник на СДСМ и министер за економија во владата на екс-премиерот Бранко Црвенковски.

„Со жалење соопштуваме дека денес почина Илија Филиповски, роден 1941 година во Галичник.

Илија Филиповски во два наврати беше потпретседател на Извршниот совет на СРМ, министер за економија во Владата на РМ, два пати избран пратеник во Собранието на РМ, приватен стопанственик и претседател на Месната заедница Галичник, функција со која најмногу се гордееше.

Неговиот придонес за Галичник е голем и претставува наш долг, но и завет за продолжување на неговото дело и зачувување на неговиот лик како почитувана и ценета личност.

Погребот ќе се одржи утре во 12 часот на Градските гробишта Бутел.

Вечна му слава“, соопштија од месната заедница Галичник на Фејсбук.