Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Браќа од Сингелиќ во гаража чувале поголеми количини хероин и кокаин, едниот од нив е во бегство

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 27-годишник од селото Сингелиќ, кој се товари дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Обвинетиот заедно со својот брат, кој во моментот е недостапен за полицијата, во гаражата во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6.451,27 грама хероин, како и 915 грама кокаин.

Дрогата била спакувана во разни пакувања и полиетиленски кеси.

При полицискиот претрес, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество, и тоа вкупно 235 куршуми во разновиден калибар, еден пиштол HS со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер „магнум 357“ со рамка со шест куршуми.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определениот притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК