Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не меша баби и жаби и да каже зошто Македонија е црна дупка и нема вакцини

Февруари дојде, а вакцини сè уште нема. Целиот регион масовно се вакцинира, а во светски рамки бројот на вакцинирани го помина бројот на заболени, само во Македонија абер нема од вакцини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И наместо Филипче да каже што правеше досега и зошто не набави вакцини, прави муабет за ланскиот снег. Филипче директно го загрозува јавното здравје со секој поминат ден без вакцини. Македонија оди кон 3.000 жртви од Ковид-19, луѓе од кои некои можеби ќе биле живи доколку вакцината во Македонија дојдеше како и во сите нормални држави. 6 месеци поминаа, што е доволно долг период да се договори вакцина, но дали наместо договарање вакцина, Филипче договараше аванта?!“, се наведува во соопштението.

Од опозициската партија бараат Филипче да каже до кога граѓаните ќе бидат жртви на лошиот менаџмент во здравството. „До кога луѓе ќе ни паѓаат на улици на само 50 метри од болниците, а ќе чекаат брза помош 30 минути?! До кога инфузии ќе се примаат во двор на болница?! До кога живи пациенти ќе лежат до починати?! До кога ќе ги прави граѓаните дека ништо не разбираат?!“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК