Centar.mk
БИЗНИС

МТСП: Од утре почнува исплата на правата од социјалната, детската и од цивилната заштита

Од утре почнува исплатата на средствата од социјалната, детската и од цивилната заштита за јануари, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 февруари 2021 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од коронавирусот, за корисниците што не користат картички исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:

– 4.2.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

– 5.2.2021 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ПЛАТА ИЛИ ПРИВАТЕН БИЗНИС – Каде денес има поголема сигурност?

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА НОТАРСКИТЕ УСЛУГИ: Се најавува дигитализација и намалување на трошоците

ДЕСК

АНАЛИЗА: РАБОТЕЛЕ 40 ГОДИНИ, А СЕГА БРОЈАТ ДЕНАРИ – Зошто мирната старост за многу пензионери во Македонија останува недостижна?

ДЕСК