Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Казнети 253 возачи и 36 пешаци во Скопје

Полицијата за еден ден казни 253 возачи и 36 за пешаци во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (2.2.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 мерки за користење мобилен телефон.

Изречени се осум санкции за минување на црвено светло, 24 за некористење сигурносен појас и 61 казна за непрописно паркирани возила.

Казнети се и 36 пешаци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК