Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Влегува странска инвестиција вредна 300 милиони евра во Македонија

„Од понделникот имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на странска инвестиција. Едната е комплекс на различни работи кои што се поврзани, двете се поврзани во металуршката индустрија, крајни производи во градежништвото. Едната е странска другата е домашна инвестиција, но зборуваме за сума од 300 милиони евра. Едната е америчка компанија која што беа дојдени од Питсбург во време на Ковид, една од поголеми актери во светот во таа индустрија, рекоа без разлика што е ковид сега е време да инвестираме“- откри вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, во емисијата Утрински брифинг.

Тој дополни дека значајно е да се менува перцепцијата на странките инвеститори во врска со висината на платите на работниците.

„Имав на гости странски инвеститор и кога зборувавме за висина на платите рекоа дека ќе вработат 60 луѓе, но со 30 отсто повисока плата од просечната, нам ни требаат такви инвеститори, кои ќе се приклучат кон владината политика за повисоки плати и кон заштита на секое работно место“- рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК