33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа примени 16 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 16 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 240 лица, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало 2 приема.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија – 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 19 пациенти.

Вкупно 240 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово, до 8 часот, имало 94 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти Министерството за здравство.