СДСМ да се откаже од насилното туркање фалсификат попис и да го прифати единственото разумно решение, кое ќе значи кредибилен попис, со јасни и прецизни податоци. Електронскиот попис е процесот на иднината, процес што гарантира кредибилен попис, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Само електронски попис, кој ќе се спроведе со мечирање на базите на податоци на повеќе институции, може да даде јасна слика што им е потребна на институциите со цел креирање среднорочни и долгорочни политики.
Електронскиот попис ќе се направи со мечирање на базите на податоци на МВР, ФЗО, ПИОМ, МТСП, УЈП, Централниот регистар, Царинската управа и други институции, кои заради своето работење, водат евиденција на граѓани.
Електронски попис ќе значи и заштеда на финансиски средства, но и поголема заштита на здравјето на граѓаните во време на пандемија.
Власта да ја надмине својата суета и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е единствено логично решение, доколку СДСМ сака решение и статистика, а не политички попис“, наведува опозициската партија во соопштението.