24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ФЗОМ обезбеди средства за лекот Kalydeco/Ivacaftor за Детската клиника

Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди буџет за ЈЗУ Клиника за детски болести за набавка на лекот Kalydeco/Ivacaftor во износ од 6.663.048 денари.

Од Фондот појаснуваат дека лекот ќе се користи за обезбедување здравствени услуги на трoјца пациенти кои се лекуваат во ЈЗУ Клиника за детски болести. Согласност за набавка на лекот побара Клиниката за детски болести, а Министерството за здравство издаде согласност за набавка на овој лек.

Одобрението што го даде Фондот е во траење од два месеца, по што од страна на Клиниката за детски болести ќе се направи анализа за успешноста на примената терапијата. Доколку резултатите се позитивни, а имајќи предвид дека се работи за доживотна терапија, лекот Kalydeco/Ivacaftor по претходно спроведена процедура за негово вклучување преку Комисијата за ретки болести понатаму ќе биде обезбедуван во рамките на Програмата за лекување ретки болести за 2021 година, која е во надлежност на Министерството за здравство, а ја носи Владата.