13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Таксист од Скопје фатен со дрога во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против скопјанец на возраст од 52 години, вработен во такси компанија, поради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка.

При извршен преглед на возилото на 27.01.2021 година околу 23:00 часот во Куманово, на улицата „Трст“ во непосредна близина на ОУ „Бајрам Шабани“, службените лица пронашле дрога која осомничениот која неовластено заради продажба ја држел и пренесувал. Наркотичната дрога марихуана, во вкупна нето маса од 156,6 грама, осомничениот ја држел во внатрешноста на возилото, во самиот негов скут, спакувана во едно најлонско пакување.

Можеби ќе ве интересира

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи – граѓаните да се пријавуваат на апликацијата vakcinacija.mk

ДЕСК

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

ДЕСК

Денес на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.