Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без вода денеска повеќе улици во Карпош

Без вода денеска од 10 часот ќе бидат корисниците од улиците „Бриселска“, „Софиска“, „Копенхагенска“, „Његошева“ и дел од „Женевска“, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што стои во соопштението од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради менување вентил во шахта ф-2“ на „Бриселска“ 7 и ќе трае до завршување на дефектот.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај во недела

ДЕСК

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите во општина Центар

C +