Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи кои ќе бидат од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни во ноќта кон сабота во западните делови и во недела.
Претежно во источните делови од земјата утре ќе засилува северен ветер, а во сабота ветерот ќе биде силен.
Прогноза за 29.01.2021
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 5°C до 10°C
Променливо облачно со умерен јужен ветер. Преку денот врнежи ќе започнат во западните делови кои ќе се прошират од крајот на денот и во текот на ноќта. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Прогноза за 30.01.2021
Минимална температура: -3 до 2°C
Максимална температура: 5°C до 14°C
Променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 31.01.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои претпладне на запад може да замрзнуваат на тлото, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...