Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: До вечерва снег низ поголемиот дел од Македонија

Под влијание на продор на студена воздушна маса денес попладне врнежите ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет.

Во западните делови мала снежна покривка ќе се формира и на пониските места. Попладне и кон крајот на денот, како и утре ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

Утре ќе дува силен северен ветер и на места се уште ќе провејува снег. Во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Во петок кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК