АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: Од 12:00 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово- П.Шапка и се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Во 16:30 часот се укина забрана за ТМВ од Мавровска раскрсница према Дебар и обратно. Од 15:50 часот се укинува забраната за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража. Од 14:10 часот се укинува забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка- граничен премин Деве Баир.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на П.Шапка, во К.Паланка, Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Кичево, М. Брод, Штип, Павлешници, Кочани, Смојмирово, Д. Капија и на планинските премини Стража, Ѓавато и Буково.
ИНФОРМАЦИЈА:ДТГ ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица информира дека претходната информација за забрана на движење на сите видови на возила на регионален пат P1103, делница Лакавица-Неготино, поради рехабилитација на мост број 3, и тоа сметано од 01.02.2021 година во период од 5 (пет) месеци, поради моменталните временски услови овие активности моментално се пролонгираат.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
РАБОТИ НА ПАТ:
Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во с.Франгово) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Г.П. Викторија Инвест од 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.
Г.П Илинден – Струга од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани започна со изведување на градешни работи на пат(асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ке се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообракајот при изведување на работите ке се одвива по една сообракајна лента, сообракајот ке се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.
ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир). На овој патен правец во претстојниот период ќе се интензивираат работите на пат и препорачуваме прилагодена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација.
Од 21.09.2020 г. започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с.Трница, за што се врши промена на режимот на сообраќај. Сообраќајот се регулира со светлосна сигнализација, односно семафори.
Виадукт трејд од 16.09.2020 г. започна со изведување на грaдежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње , каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена, регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00 до 14:00 часот ќе се врши комплетно затворање на сообраќај.
Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с.Злетово, преку с.Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.
Заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 година, на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 3.5 тони. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.
Виадукт трејд известува дека од 25.05.2020 г. започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16км, за што се врши промена на режимот на сообраќај во времетраење од шест до девет месеци.
Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започна на 20.03.2020 г. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.
Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
СОСТОЈБА ВО СКОПЈЕ:
ЦУКС известува дека екипите на ЈП Улици и патишта,задолжеи за вертикална сигнализација, во текот на утрешниот ден (24.01.2021г. -недела) ќе монтираат портални семафорски столбови на бул. АСНОМ, во близина на Хотел Русија, во општина Аеродром. Монтажата на новата семафорска сигнализација ќе почне во 9 часот наутро и ќе трае до завршување на активностите, па оттука на овој потег ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
Виадукт Трејд известува дека на ден 21.01.2021 година (денес) поради изведување на градежни работи на дел од бул. “Босна и Херцеговина” ќе има измени на режимот за сообраќај каде ќе има комплетно затварање на постоечка коловозна лента која се крстосува со бул.”Кристијан Тодоровски – Карпош” а другата страна со ул.”Ќемал Сејфула”. А за движење на сообраќај ќе се користи новоизградената коловозна лента во два правци (двонасочно). Градежните активности ќе бидат со времетраење од 3(три) месеци.