Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Калеска Ванчева: Пописот со европски стандарди спроведен од професионалци ќе биде успешен

„Верувам дека ќе имаме издржана статистичка операција која ќе ги постигне целите. Две причини имам за тавкото верување, првото, овој Закон за попис целата надлежност ја дава во рацете на Државниот завод за статистика, што значи пописот ќе го спроведат професионалци, луѓе кои со години се стручни во областа. Второ, верувам дека овој закон ги задоволува сие меѓународни, европски стандарди. Дали еден ваков процес ако не е инклузивен ќе биде фијаско? Па, опозицијата обвинуваше дека не била вклучена. Но, вистината е дека Законот за попис се спрема долго време, тоа беше јавно, сите беа вклучени во подготовката. Имаше преку 20 забелешки од ВМРО ДПМНЕ, дадени уште претходно, во стариот парламентарен состав, и тие се вклучени. Целата јавност го знае тоа, дека процесот беше транспарентен.“ – изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК