„Само да илустрирам за ефектите од владините економски мерки. Во Маворо и Ростуше, од јуни до денес имаме 22 000 ноќевања од над 11 000 гости. Во Берово зголемени се ноќевања за 37 отсто од 2020 година во споредба со истиот период во 2019 година. Ова се факти дека домашниот туризам имал прогрес. Можам да гарантирам дека е дадено максимално од наша страна, сите пари што ги земаме на заем се за финансирање на овие мерки. Оваа Влада ја користи кризата за трансформација на економијата.
Дополни дека следува петиот пакет економски мерки, кој одново ќе ги зачуваат работните места и ќе ја одржуваат економијата.
„Овие мерки од петиот пакет ќе знчат рестартирање на економијата. Ние испорачавме четири пакети и треба да се види ефектот, тој е очигледен, факт е дека живееме во светска криза, поголеми економии од нас имаат поголема криза. Но, ние даваме се од себе, од март до денес имаме пет пакети економски мерки, има разлика во кварталите ако го следите напредокот. Она што е важно, ние промовираме инклузивен процес, не се будиме и велиме ова ќе правиме сега , туку консулатации правиме постојано, примаме сугестии, отвораме дебата и така имаме нов пакет. Никој не може да даде точна проценка како ќе изгледа економијата утре, но во сорбаотка со коморите, експертите, синдикатите, ќе биде оваа година на подобрување. Во финална фаза е петиот пакет, една мерка е најавена, а ќе се соопшти целиот пакет, ќе зачуваат работни места и ќе овозможи нови работни места.“- изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, во Анализа 24 на ТВ 24.