Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака политички попис

СДСМ целосно одби употреба на фингерпринт терминали при попишување, со што ќе може да се попишат само оние кои се реално присутни, односно резидентно население. Доколку власта сака статистика, тогаш немаше да има воопшто проблем со употреба на фингерпринт терминали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев сака попис кој е однапред договорен, со испазарени бројки. Заев ќе спроведува попис со едноставно диктирање на матични броеви без дополнителна проверка. Дека СДСМ не сака реален попис е доказ и дека ги одбија сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаа за цел подобрување на законот за попис“, велат од партијата.

Од таму велат дека се што прави власта е на сила и на штета на граѓаните.

„Дополнително на се, власта не се откажува од пописот, иако во време на пандемија тој е исклучително опасен. Имено од попис се откажаа држави како Германија, Србија и други, но не и Заев. После се разумот е последното нешто кое го очекуваме од Заев, но затоа го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за попис и да го спречи овој фалсификат во обид“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК