12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Надвор од изборите, во опуштена атмосфера, ќе најдеме решение со Бугарија

„Прво што бара Бугарија е посериозна имплементација на Договорот за добрососетство, но и ние тоа го бараме. Секоја страна да си ги прземе своите обврски и во инфраструктурата и во историската комисија. Дадовме ние сет со идеји, дадоа и тие исто, сега ќе имаме процес да ги ускладиме, но тие се основа за поголема соработка. Да влеземе во комплетна имплементација на Договорот, како на пример да организираме спортски турнири, да размениме искуства во дигитализацијата, да имаме настани од образовната сфера, проекти во здравството… Ставот на министрите, и на Османи, и на Димитров е став на Владата, во интерпретациите може да има некои разлики, но за нас е важно да создадеме позитивна клима. Двајцата министри имаат контакти, но не очекувам дека нешто ќе се случи до изборите во Бугарија.“- зборуваше премиерот Зоран Заев, во интервју за емисијата Трилинг на телевизија 24.

Тој објасни дека прашањето за јазикот и народот, а со тоа и за идентитетот е надминато. Никој нема никакви претензии кон некого, а тоа според Заев, е добра основа за продлабочување на соработката.

„Историјата на мојот јазик и мојот народ е идентитетско прашање и за тоа никаде во светот не се преговара и тоа не е на маса. Зошто да имаме билатерална спогодба за јазиците, дајте да го надминеме ова? Го решивме постоењето на двата народа, исто како и тоа дека имаме заедничка историја. Бугарија прва не признала, ни го признала правото на определба, а ние сме Македонци, ние немаме проблем ако некој се чувствува како Бугарин, немаме претензии ниту за малцински прашања, ниту територијални, ниту какви било претензии кон Бугарија. И сега не можам да разберам што е проблемот, има многу нелогичности внатре, и верувам дека надвор од изборите во Бугарија, во поопуштена атмосфера ќе седнеме и ќе ги најдеме решенијата.“- дополни Заев.