Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Просечната плата е зголемена за 7%

„Успешните економски политики што ги креира и реализира СДСМ даваат позитивни резултати и во време на најтешката глобална здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот.Просечната плата во државата на годишно ниво бележи раст од 7%, односно 1800 денари, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика“, соопшти СДСМ.

Според истиот извор, просечната плата во ноември 2019 година изнесувала 25.787 денари, а во истиот месец 2020 година е зголемена на 27.588 денари.

СДСМ како одговорна партија посветено работи за подобар животен стандард за граѓаните, создавање услови за рестарт на економијата и уште побрз раст на платите, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

НАФТАТА ПОЕВТИНИ НА НЕДЕЛНО НИВО – Brent на 92,57 долари, WTI на 83,98 долари за барел

ДЕСК

NVIDIA ИЗГУБИ НАД БИЛИОН ДОЛАРИ ОД ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ – Инвеститорите ја преиспитуваат иднината по заминувањето на Хуанг

ДЕСК

БЕРЗАНСКИ ПОТРЕС ВО САД – Nasdaq потона за повеќе од 5 проценти, технолошките гиганти под силен притисок

ДЕСК