Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

566 возачи санционирани за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2021) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, што пак е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

Вкупно, на целата територија на Република Северна Македонија, се санкционирани 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина за над 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.

Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК