10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следуваат дожд и снег, зимата “попушта” – Метеоцентар со детална прогноза за времето

До утре наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време. Од утре ќе започне да дува јужен ветер и ќе се зголемува облачноста особено на запад,, а температурите ќе бидат во пораст.

Во четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд.

Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер што ќе влијае на побрзо топење на снегот.

Прогноза за 21.01.2021
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Променливо облачно со малку повисоки утрински температури и со слаб до умерен јужен ветер. Во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, на планините од снег.

Прогноза за 22.01.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 4°C до 12°C
Претежно облачно, претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.01.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 11°C
Значително облачно, со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: