21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Борбата против лажните вести е дел од „Акција 21“, ја засилуваме заедно со граѓаните и медиумите

Немаме втор акциски план за борба против дезинформациите, ова што го промовираме е истиот план од пред година- две, но сега го издигаме на повисоко ниво, сега е дел од планот на Владата „Акција 21“ и јас навистина не гледам што е проблем ако ние реагираме кон некого што шири дезинформации, тоа е начин како да укажеме на вистината.“- .“- изјави националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во емисијата „Вин вин“, на телевизија Телма.

Дополни дека транспаретноста, отвореноста и комуникацијата на Владата кон другите институции, медиумите, новинарите, како и граѓаните, е една од алатките за борба против лажните вести. Владата не е тука за да одредува која вест каква е, но има обврска да реагира ако навистина станува збор за лага и дезинформација, особено ако одредна институција може да провери и да ги изнесе фактите. Забрчанец објасни дека целиот систем за транспарентност и информирање на јавноста бележи успеси и оди нагоре, и според стандардите и според содржината која ја пласира.

„За да станеме членка на НАТО моравме да имаме план за равој, одредено ниво на квалитет, ние тоа го презедовме и создадовме систем. Ние ги презедовме тие чекори и НАТО го знае тоа. Кога е во прашање Министерството за одбрана, таму се почитуваат високите стадарди, односно протоколите за информирање и другите протоколи се на ниво на НАТО стандардите, затоа и сме членка на НАТО.“- рече Забрчанец кога зб,оруваше за намерата на Владата и јасната определба дека борбата против лажните вести не прекинува, туку напротив се засилува.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ќе присуствува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Во петок температури до 38°C, а потоа ПРЕСВРТ – Следуваат значителни промени со времето, МЕТЕОЦЕНТАР со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК