Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: ВМРО ДПМНЕ да се погледне во огледало и да побара прошка за 27 април

„Уште не можам да поверувам дека ни се случи насилството на 27 април и кога гледам дека уште нема пресуда за главните организатори се нервирам. Која е казната, не само на оние кои влегоа во парламентот за да не убијат, туку за оние кои ги убедиле, ги организирале и им преставиле дека насилството е легитимно. Се дигаше цело време атмосфера на омраза и насилство. Денес во Амрика сите кои мислат во иднина да се занимаваат со политика излегоа и се оградија од насилството.“- изјави Радмила Шекеринска, заменик претседателката во СДСМ, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Таа дополни дека ВМРО ДПМНЕ треба да му се извини на народот затоа што ја туркаа државата во граѓанска војна.

„ВМРО ДПМНЕ е единствена партија која не успева да се погледне во огледало и не побара прошка од граѓаните за тоа дека државата ни ја туркаа во граѓанска војна.“- додаде Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК