-2.1 C
Скопје
20. јануари 2021
Centar.mk – Дознај сѐ!
Македонија Во тренд...

СДСМ: Попис оваа година ќе има, тоа е патриотски чин важен за развој на државата

Пописот е важна статистичка операција, тоа е патртиотски чин од највисоко значење за натамошен развој на државата, соопшти СДСМ.

„ Затоа, СДСМ и парламентарното мнозинство не прифаќаат никакви уцени од страна на деструктивецот и докажан губитник Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Законот од Собраниска процедура нема да биде повлчен, ниту пак ќе поддржиме неразумни предлози за одлагање на пописот.

По скоро 19 години без спроведен попис, никој нема право да го кочи или одолговлекува, тој мора да се одржи оваа, 2021 година. Целосно е нејасно зошто на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи пописот, потонати се сите нивни изговори,

Паралелите со други држави кои ги одложиле пописот, не се никаков аргумент, затоа што ниту една од државите кои ги споменуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не биле доведени во ситуација да немаат 18 години попис. А ние немаме затоа што во 2011 година тој пропадна поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Пописот во 2021 ќе биде спроведен согласно прописите на ЕВРОСТАТ, ипо сите меѓународни стандарди. Сега имаме Електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис, и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции.

Не е можно да се попишат лица кои не постојат. Исто како што не е точно дека ќе се попишуваат граѓаните само со матичен број како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Методологијата за спорведување на пописот исто така не е изговор, затоа што не може да има методологија без донесен Закон.

Зарем ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се знае колку наши сограѓани живеат во земјава а колку во странство и која е целта со повикот на бојкот на пописот? Да има помалку Македонци?

Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има. Пописот не е политичка туку статистичка операција и Мицкоски треба да бара други причини за да ја задржи својата позиција во ВМРО-ДПМНЕ наместо да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата“ се наведува во соопштението.