Centar.mk
БИЗНИС

Одобрена е првата група кредити од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје почна со одобрување кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУ за Отпорност од ИПА-програмата.

Одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, или кредитни барања на 506 компании со вкупно 3,552 вработени. Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од микро компании и 9 кредитни барања се од трговци – поединци. Најголем дел од компаниите во првата група од 506 компании, доаѓаат од Скопскиот Регион, и тоа 37%, а по него следи Полошкиот Регион со 17% и Југоисточниот Регион со 14%. Од Југозападниот, Источниот и Пелагонискиот Регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и Североисточниот Регион доаѓаат 5% од одобрените кредитни барања во првата група.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување договор, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Ако сирењето лаже, што уште има на рафтовите: Потрошувачите бараат вистина

ДЕСК