13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поројни дождови и силен ветер- од вторник постудено и снег

Од денеска попладне до понеделник (11.01) ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Врнежите во западните и северозападните делови повремено ќе бидат пообилни (над 50 л/м2) и поројни, проследени со засилен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува ново заладување со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.

Утре времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, особено во северните и северозападните делови каде се очекува да наврнат над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер.

Прогноза за 12.01.2021
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 13.01.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 3°C до 10°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 14.01.2021
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Променливо облачно. Ќе дува засилен, вдолж Повардарието повремено силен ветер од северен правец.

Спонзорирано: