11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Предлогот Даштевски да биде во ДИК е потврда дека Груевски управува со ВМРО ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ потврди дека нивен предлог за претседател на Државната изборна комисија е Александар Даштевски, кадар на партијата од времето на Никола Груевски. Имено, по настаните од 27 април, 2017 година, кога насилната толпа упадна во парламентот и го загрози животот на пратениците, Даштевски од позиција на претседател на Комисијата за заштита од дискриминација изнуди одлука на комисијата со која наводно се потврдува дека Груевски е дискриминиран во судските просеци кои се водат против него, а се поврзани со криминал и корупција.

Во таа одлука на Комисијата за заштита од дискриминација се наведува дека е утврдена директна дискриминација врз Никола Груевски, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада и поранешен претседател на политичка партија што како последица имало одземање, односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Иста одлука комисијата има донесено и за Гордана Јанкуловска, на која наводно исто така не и се овозможувало правично судење.
Сега, враќањето на Даштевски во игра од страна на Христијан Мицкоски е само потврдува дека партијата и натаму е контролирана од Будимпешта, или директно од Груевски, па тој продолжува да ги избира кадрите во име на партијата. Претходно, медиумите објавија информации дека Груевски ги избира и кандидатите за пратеници на избирачките листи на ВМРО ДПМНЕ за ланските предвремени парламентарни избори.