Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Груби: Ви посакувам среќен Божиќ и посакувам овој празник да ве најде во добро здравје и благосостојба

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби преку честитка, им посака Среќен Божиќ на сите православни верници.

“Дозволете ми, во име на сите нас во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и од мое лично име, да ви посакам среќен Божиќ и добро здравје и благосостојба на сите вас и на вашите семејства.

Верските празници не потсетуваат на тоа колку сме благословени за нашиот верски соживот, кој што е една моќна основа за нашето општество.

Одбележувањето на ваквите верски празници не мотивира за поголема посветеност и остварувањето на еден подобар живот за сите нас заедно кои живееме на оваа поднебје.

Посакувајќи се најдобро за вас и вашите семејства, во духот на овој голем празник, ние веќе го градиме нашето општество преку заеднички цели за добар соживот и за општество без предрасуди.

Ви посакувам среќен Божиќ и посакувам овој празник да ве најде во добро здравје и благосостојба.”

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +