Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Временска прогноза за Бадник и Божиќ: УХМР најавува врнежи од снег

Во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите најобилни ќе бидат во западните делови, каде на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка, особено во Шарпланинскиот масив. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, и тоа претпладне и кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 08.01.2021
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, каде локално ќе наврнат и над 30 л/м2. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 09.01.2021
Минимална температура: 3°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 10.01.2021
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 5°C до 14°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северен, а попладне од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +