Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Грашковска: За бадниковите огнови важи забраната за групирање на повеќе од 4 лица

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашковска потсети на забараната за групирања, прашана за бадниковите огнови кои се палат на улиците пред утрешниот празник.

„Како и досега и денеска важи забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, такашто во рамки на ова ограничување е и одговорот за евентуалните вечерашни прослави или палење огнови“, рече Грашковска.

Таа оцени дека граѓаните биле совесни за новогодишните празници и очекува така да биде и за Бадник и Божик, пришто апелираше на почитување на мерките.

„Да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања“, порача Грашковска.

Грашковска најави дека надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, сè со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +