Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Првото бебе во 2021 година е машко, се роди една минута по полноќ

Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е машко, тешко е 3 килограми и 650 грама и е долго 51 сантиметар.

Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете.

Универзитетската клиника објави фотографии од тимот што дежураше на новогодишната ноќ и го донесе на свет првото бебе.

Првата посета на првороденото ќе ја оствари министерот за здравство Венко Филипче во просториите на ЈЗУ У ГАК.

Можеби ќе ве интересира

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НАПАДНАТО ВО СОБЛЕКУВАЛНА НА СПОРТСКА САЛА ВО ИЛИНДЕН

ДЕСК

ПОРАНЕШНИОТ ПАРТНЕР Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ ПО ЖИВОТОТ – 36-годишна скопјанка побарала полициска помош

ДЕСК

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ – Трето дете снимало со мобилен

ДЕСК