Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Македонија: Маж загинал на лице место- ѕид со камења се срушил врз него

При изведување градежни работи во тетовското село Гајре животот го изгубил 64-годишен жител на селото. Според првичните сознанија, тој работел на ѕид од камења што се урнал врз него.

– Во 10:20 часот, во СВР Тетово пријавено е дека во тетовско Гајре, додека се изведувале градежни работи, со повреди се здобил Љ.И.(64) од ова село, кој набрзо им подлегнал на повредите. Лекари од тетовската Итна медицинска помош констатирале смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК