Како Партија се чувствуваме должни да реагираме на т.н. вест пренесена во прашална форма од повеќето од вашите портали, а некои и во потврдна со наслов: „Заев до Апасиев: Дали е вистина дека сме ви обезбедиле ресурси за да одземете гласови од ВМРО ДПМНЕ?“, или „Заев го замолчи Апасиев: Директно одговори дали е вистина или шпекулација дека сме договориле да обезбедиме ресурси за изборите да одземате гласови од ВМРО-ДПМНЕ“.
Имено, насловите се или цитат, или спинуван цитат од она што го рече премиерот Зоран Заев во вчерашниот одговор на собраниска говорница упатен до пратеникот Димитар Апасиев. Нагласуваме дека, одговорот на Заев беше во саркастична форма, со цел да му врати на острото прашање поставено од пратеникот Апасиев, за тоа дали е точно дека нудел поткуп на пратеници по предвремените избори за околу 300.000 евра, а тие не биле ниту од СДСМ, ниту од ДПМНЕ.
Одговорот на Заев не беше потврдна форма, или некакво тврдење, туку тој само со голема доза на сарказам направи споредба, за тоа како би звучело доколку тој праша такво нешто, што во суштина не е точно.
Поради ова, очекуваме вака пренесениот негов одговор во форма на вест да биде отстранет, или пак да го дополните со објаснување, за да не дојде до погрешен фидбек, или погрешно примање на пораката од страна на јавноста.
Потенцираме дека, ниту со СДСМ, ниту со Заев сме немале никаков контакт пред изборите, а за некаков договор не доаѓа ни предвид. Сите контакти после изборите се во рамките на парламентарното делување, односно професионална комуникација како и со останатите партии.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
31 декември, 2020