Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈА

Викендов облачно време со врнежи од дожд, а на планините снег

Под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса утре и в недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.

Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец.

Поради продор на постудена воздушна маса, в недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјата. На планините ќе се формира нова снежна покривка поради што ќе се зголеми веќе постојната.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК