23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Маричиќ: Сите судии што постапиле незаконски ќе бидат филтрирани од правосудниот систем

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада, рече дека в понеделник Советот за реформи во судството ќе ја потврди методологијата за прочистување на правосудството и дека овој процес е примарен за враќањето на довербата на граѓаните во системот.

„Долги судски рочишта, безброј одложувања, неефикасни постапки. Токму затоа во првите 100 дена со Судскиот совет и Советот на јавните обвинители интензивно работевме на подготовка на методологија по која в година ќе се филтрираат судството и Обвинителството. Ова, според нас, е најдобриот начин како фелата сама да си ги прочисти своите редови. Сите оние судии или обвинители што незаконски постапиле, направиле прекршувања во постапките, намерно ги одложувале или нестручно постапиле, ќе бидат филтрирани од правосудниот систем. Посебен фокус ќе биде ставен на случаите на висока корупција и организиран криминал“, рече Маричиќ.

Маричиќ рече дека плановите за иднината на Министерството за правда се амбициозни, намерите јасни и чесни, а посветеноста максимална.

„Дали тоа некому му се допаѓало или не, Северна Македонија ќе биде правна држава, каде што ќе одговараат сите оние што ги прекршиле или во иднина ќе ги прекршат законите“, рече Маричиќ.